Вредноста на компаниите за една година се намалила за 167 милиони евра

Bez autora
Jan 21 2014

Вкупната вредност на сите компании кои што котираат на Македонската берза и оние кои што имаат обврска за известување, минатата година се намалила за 167 милиони евра, покажува годишниот статистички билтен на Берзата. Односно, за само една година, вкупната вредност на акциите се намалила за 9,11 отсто, од 1,83 милијарди евра на околу 1,67 милијарди евра. Во истиот период, вкупниот промет од тргувањето со акции и обврзници на берзата речиси бил преполовен во однос на 2012 година, односно бил помал за 42,24 отсто, а биле извршени и 9,14 отсто помалку трансакции. И покрај ваквите неповолни показатели, берзанскиот индекс на најтргуваните десет акции МБИ 10, сепак, покажал жилавост и не само што се одржал, туку во однос на 2012 година, лани бил малку во позитива, односно пораснал за 0,44 отсто, покажуваат податоците на Берзата.

Вредноста на компаниите за една година се намалила за 167 милиони евраВкупната вредност на сите компании кои што котираат на Македонската берза и оние кои што имаат обврска за известување, минатата година се намалила за 167 милиони евра, покажува годишниот статистички билтен на Берзата.

Односно, за само една година, вкупната вредност на акциите се намалила за 9,11 отсто, од 1,83 милијарди евра на околу 1,67 милијарди евра. Во истиот период, вкупниот промет од тргувањето со акции и обврзници на берзата речиси бил преполовен во однос на 2012 година, односно бил помал за 42,24 отсто, а биле извршени и 9,14 отсто помалку трансакции. И покрај ваквите неповолни показатели, берзанскиот индекс на најтргуваните десет акции МБИ 10, сепак, покажал жилавост и не само што се одржал, туку во однос на 2012 година, лани бил малку во позитива, односно пораснал за 0,44 отсто, покажуваат податоците на Берзата.

И покрај општата неповолна состојба на пазарот на капитал, сепак, акциите на неколку компании забележале голем пораст. Тоа во прв ред се однесува на акциите на Фершпед, кои на крајот на 2013 достигнале просечна цена од 175.651 денар, што е повеќе од три пати над просечната цена една година претходно, кога изнесувала 41.000 денари за акција. Голем пораст имаат и акциите на Тутунскиот комбинат Прилеп, чија вредност се зголемила повеќе од два пати, односно од 135 денари колку што чинела една акција на крајот на 2012, на крајот на 2013 достигнала 450 денари. Добра инвестиција биле и акциите на Макпетрол, кои за една година поскапеле од 12.000 на 25.280 денари, односно за 110,67 отсто, потоа на Витаминка - Прилеп, чија вредност се зголемила од 3.000 на 5.010 денари за акција (67 отсто), и на Тетекс - Тетово, од 319 на 460 денари, односно за 44,2 отсто.

Инвестирањето лани и во акциите на уште неколку друштва од котираните било доходовно. Тоа најмногу се однесува на Стопанска банка Битола, чии акции добиле во вредност 38,71 отсто, односно од 124 денари за една година достигнале 172 денари за акција. Солиден пораст имаат и акциите на Реплек, за 11,9 отсто, на Македонија турист за 9,44 отсто и на Алкалоид, за 8,31 отсто. Од друга страна, значаен пад имаа акциите на Телеком, за 24,97 отсто.

Најголем пад имале акциите на ОХИС, од 65 на 18 денари или за 72 отсто, потоа на Жито лукс - Скопје, од 159 на 90 денари (43 отсто), на Топлификација од 1.530 на 918,46 денари (пад од 39,97 отсто), на Комерцијална банка од 2.414,26 на 1.789,87 денари (пад од 25,86 отсто), како и на Скопски пазар - од 4.100 на 3.200 денари (пад од 21,95 отсто).

Најтргувани акции на официјалниот пазар и лани беа на Комерцијална банка, како и на фармацевтскиот гигант Алкалоид, и на Фершпед.

Иако со помала динамика, и лани продолжи повлекувањето на странските акционери од македонските фирми. Учеството на странски капитал, според берзанскиот билтен, лани било зголемено единствено кај скопски Алкалоид, за 0,26 отсто.

Лани, бројот на котирани друштва се зголемил од 32 на 116.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik